Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во 19.10 часот на магистрлниот пат Охрид – Гостивар, во близина на селото Зајас, кичевско. Неофицијално во несреќата има жртви.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило и трактор, кој бил неосветлен.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски неможеше да потврди дали и колку жртви има во несреќата, посочувајќи дека детали ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Неофицијално во незгодата настрадале три лица.

Поради несреќата сообраќајот на патниот правец Охрид – Гостивар речиси час и половина бил во целосен прекин, а од 20.30 часот тој се одвива наизменично по една коловозна лента.

OhridNews