Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што денеска околу 18.30 часот се случи на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на приватното училиште „Јахја Кемал“.
Според првичните информации на СВР Охрид патничко моторно возило од засега непознати причини излетало од патот, при што животот на лице место го загубил возачот.
Екипи на полицијата и истражен судија вечерва извршија увид на местото на несреќата, а на медиумите не им беше дозволен пристап и беа оневозможени да ги вршат своите професионални задачи.