Непознати сторители, деновиве извршиле тешка кражба во црквата „Св.Никола„ во селото Мраморец и „Св.Ѓорѓија„ во селото Годивје.

Непознатите сторители, насилно, со кршење на цилиндарот од бравата на влезната врата, а потоа и со употреба на физичка сила, влегле во двете цркви.

Од црквата „Св.Никола„, против-правно одземени се вкупно 5000 денари и една помала икона со ликот од светецот „Св.Никола„ Иста таква икона и вкупно 300 денари, сторителите, одзеле од црквата „Св.Ѓорѓија„ во селото Годивје.

На лице место, направен е криминалистичко-технички увид. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews