Вчера, 31- годишен охриѓанец во Полициската станица пријавил дека истиот ден околу 12 часот, во Охрид на ул. „Славеј Планина“, додека се движел пеш, бил пресретнат од непознато лице кое физички го нападнало и со тврд предмет го удрило во пределот на главата. Од ударот, охриѓанецот паднал во бесознание, при што му била одземена чанта во која имало 35.000 евра.

Во текот на вчерашниот ден,во времето од 10,30 до 20 извршена е тешка кражба и во Струга.

Непознат сторител, со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во стан на улицата Маршал Тито, од каде одзел 2.000 евра, 80.000 денари и златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 230.000 денари.

И во двата слуачи, извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителите.

OhridNews