Вчера околу 17.30 часот на крстосницата од бул.„Туристичка“ и ул.„Распаке“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишно лице од Тетово и мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 47-годишен охриѓанец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

OhridNews