Во Охрид на улица „Радојца Новичиќ“, вчера, околу 19.10 часот, 30-годишно лице од село Горно Лакочереј, управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“, со охридски регистарски ознаки, удрило во пешак, 55-годишен охриѓанец.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

OhridNews