На 06.10.2022 во 08.57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка“, патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58-годишен охриѓанец, удрил во пешак (82) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила пешакот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.
OhridNews












