Тешки телесни повреди опасни по живот се контатирани кај работникот од Кина кој паднал вчера при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека 52 годишно лице од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, велат од СВР Охрид.

Посочуваат дека увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

OhridNews