Вчера околу 18.25 часот на регионалниот пат Струга – Охрид, после болницата „Свети Еразмо“, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 43годишен жотел на Охрид, удрило во велосипед „полар“, управуван од 42годишен жител на с.Радожда, струшко.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews