Вчера, во 08:55 часот, на пресекот на улиците „7 ноември“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Рено“, управувано од 54-годишен жител од Волино и „Форд Фокус“, управувано од 32-годишен охриѓанец, информираат од СВР Охрид.

Со тешки тешки телесни повреди се здобила сопатничка во првото возило констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на сообраќајната незгода, изврши увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews