Тешко повредената во судирот на глисери во стабилна состојба
23.08.09 17:50
Состојбата на Ивана Шапкар која тешко е повредена во страотниот судир на два глисери на Охридското Езеро е стабилна информираат од специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде таа е згрижена.
– Во вечерните часови во нашата институција е донесена е повредена при судир на две пловни возила-глисери млада женска особа со скршеници на долната вилица, клучната коска и една од подлактните коски. Преземени се сите потрбни мерки, пациентката е во шок соба, а состојбата ја оценуваме како стабилна. Мислиме дека не е животно загрозена, меѓутоа ваков тип на повреди со ваква јачина на удар секогаш крие опасности кои се превенирани и во шок соба се мониторира целата таа состојба, истакна д-р Љупчо Богоевски – специјалист, ортопед.
Д-р Љупчо Богоевски
Богоевски посочи дека сериозноста на повредите укажува дека судирот бил многу силен. Тој како што рече, не се сеќава во последните 30 години да се случила ваква несреќа. „Имало разни нинциденти, случаи на прегазувања и слично, но директен судир на глисери колку што јас се сеќавам досега немало“, рече д-р Богоевски.
Во судирот на два глисери кој се случи на 300 метри од брегот, во непосредна близина на каналот Студенчишта, смртно настрада едно лице, а три лица се здобија со телесни повреди.
Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван ноќеска во Охрид Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“ земјотресот е почувствуван во 1:08 часот, е...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „15ти Корпус“, дел од „Марко Цепенков“, „Ристо Чадо“, населбата Црногорци и с...
Во петок (26 декември) со почеток во 9 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи петтата седница Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид На Дневен ред се 82 точки меѓу кои буџетот за 20...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.