Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство во обид„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  Р.Н. (20) како и против Д.С.(20) и М.Т.(28) сите од Охрид, кои се товарат за кривичното дело „Насилство“-соопшти СВР Охрид.   
    
Тие се осомничени дека го предизвикале инцидентот на паркингот кај спортската сала, што се случи рано утрово, во кој едно лице е потешко повредено.  Според полицијата напаѓачите без посебен повод, со остар предмет ги нападнале Д.Т. (21) и Х.Б. (39) двајцата од Охрид, кога тие двајца излегле од ноќниот клуб „Еспана“кој се наоѓа во непосредна близина. Притоа, Д.Т. се здобил со повеќе телесни повреди во пределот на главата додека Х.Б. со расекотина во пределот на вратот. Тие биле удрени со шишиња во пределот на главата, при што на Х.Б. му била нанесена тешка повреда на вратот. Повредените се префрлени во Општата болница односно во болницата за ортопедија и трауматологија во Охрид.

Како што изјави за OhridNews, директорот на болницата „Св. Еразмо“, Д-р Митко Тилески, тешко повредениот е во стабилна здравствена состојба и вон животна опасност. „Раната на вратот е обработена и тој сега е стабилен, но неговата состојба  внимателно се следи“, изјави д-р Тилески.

Напаѓачите кои од порано и биле познати на полицијата како нарушители на јавниот ред и мир,  избегале од местото на настанот, но за кратко време биле пронајдени и приведени.