Ракометарите на Вардар забележаа нова победа во регионалната СЕХА лига совладувајќи го Металург со 31-29 (15-15) во македонското дерби.


Триумфот над „металурзите“ за избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез е вкупно десетти во единаесеттиот натпревар сезонава.

„Црвено црните“ отпорот на градскиот ривал го скршија во последната четвртина од натпреварот. При негатива од еден гол (23-24), „вардарци“ со серија 5-1 го презедоа водството и поведоа со 28-25.


До крајот на мечот ракометарите на Вардар ја задржаа предноста и стигнаа до нова победа во меѓусебните пресметки со Металург.

Со седум голови во составот на Вардар најпрецизен беше Тимур Дибиров, а еден повеќе постигна Филип Талески во составот на македонскиот вицепрвак.

OhridNews