– Со оглед на големиот интерес на лица кои аплицирале на Јавниот конкурс, како и определбата на Државната пописна комисија за квалитетен и правичен избор со рамноправен пристап кон сите кандидати, се повикуваат сите кои аплицирале да дојдат во определените училишта за тестирање најдоцна до 11 часот и 20 минути да се пријават кај лицата кои се определени од Комисијата, стои во соопштението од Државната пописна комисија.
Тестирањето на лицата кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи, во Охрид ќе се изврши во општинското средно училиште Св. Климент Охридски, а во општина Дебрца, во ОУ Дебрца во село Белчишта.