“Штофарите“ уште на стартот од мечот ја оправдаа фаворитската улога. Јованоски во 10-та минута со одмерен удар го матираше Трајаноски и го отвори резултатот. За втор погодок во мрежата на “рибарите“ се чекаше до 26-та минута кога Мариќ зголеми на 2-0.
Охриѓани од првиот удар кон голот на Георгиевски намалија на 2-1. Бакулески доби употреблива топка во “празно“ и со прецизен удар ја смести топката во мрежата. До крајот на првиот дел Тетекс ја врати дуплата предност со вториот погодок на Јованоски.
Тетекс во вториот дел продолжи да ја тресе охридската мрежа. Со вториот гол на мечот Мариќ го комплетираше “покерот“ во охридската мрежа додека петтиот погодок беше дело на нововлезениот Смоковски.
Круна на одличната игра на тетовчани стаде Саљиу кој со маестрален удар беше прецизен од слободен удар. Во финишот на мечот Охрид успеа да го намали резултатот преку Далчев од белата точка а веднаш потоа Мариќ со хет трик го постави конечниот резултат.