Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски одложениот натпревар од 12 коло меѓу Tетекс – Шкендија го закажа за среда 03 ноември 2010 година со почеток во 13 часот.Од актерите се бара и почитување на Правилниците на ФФМ и позитивните законски прописи на Република Македонија.
Менаџерот за судии при ФФМ , Ангел Бунгуров денеска делегира нова судиска четворка за одложениот натпревар од 12. коло помеѓу ФК Тетекс и ФК Шкендија (03.11) на чело со Зоран Петковски ( Велес) на кого ќе му помагаат Манасиев Горан, 1 асистент (Велес),Новачев Петре, 2 асистент (Велес) и 4 судија Јакимовски Дејан( Скопје).
Причината за новото делегирање е што претходно -делегираниот судија Димитар Мечкаровски, заедно со Александар Ставрев е делегиран од УЕФА на меѓународен натпревар.










