Градските ривали од Тетово, Шкендија и Ренова ја сочинуваат една полуфинална двојка во Купот на Македонија, додека во другата силите ќе ги одмерат Пелистер и Академија Пандев.
Во првите мечеви кои ќе се одиграат на 14 март домаќините ќе бидат Шкендија и бранителот на трофејот Пелистер, а реваншите ќе се одиграт на 11 април.
Финалето во Купот на Македонија годинава ќе се игра на 9 мај, а стадионот домаќин се уште не е познат.
OhridNews