Царинската управа на Република Македонија поднесе кривична пријава против едно правно лице од Тетово и три физички лица – сите македонски државјани, заради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка „МАН“ со проценета вредност од околу 824 илјади денари.

Еден од осомничените, син на сопственикот на правното лице, заедно со возач-вработен во истото правно лице во март годинава се пријавиле на граничниот премин Ќафасан за влез во Република Македонија, со автобусот-предмет на кривичното дело што бил купен во Германија, а на кој осомничените претходно намонтирале македонски регистарски таблички што припаѓале на друго возило, сопственост на правното лице.

На тој начин пријавените имале намера да прикажат дека автобусот е уредно регистриран во Република Македонија, со цел избегнување на плаќање на увозни давачки за истиот.

OhridNews