Општините имаат неплатени обврски од 4,6 милијарди денари при што најголеми неплатени обврски имаат Охрид, Тетово и Карпош. Министерот за финансии посочи дека во оваа сума недостига општина Гостивар, бидејќи не доставила информации до Министерството. Локалните претпријатија основани од општините имаат неплатени обврски од 2,5 милијарди денари, а највисоки обврски имаат во Куманово, Охрид и во градот Скопје. 

Тевдовски изјави дека Министерството за финансии договара со Светска банка проект за справување со овие обврски и развивање механизми за нивно спречување во иднина. 

Тој соопшти дека вкупно 360 милиони евра се неплатените обврски на државните институции заклучно со 31 мај 2017 година, Најголеми се обврските кај буџетските институции и јавните претпријатија основани од државата.

OhridNews