Лидерот на табелата, Јувентус имаше водство 1-0 и играч повеќе во дербито со Рома на „Олимпико“, но на крајот мечот заврши без победник 1-1.


– Со играч повеќе на теренот им подаривме бод бидејќи им ја препуштивме нив играта. Се што прававме 70 минути во мечот го прокоцкавме во последните 20 минути. Ние сме силен тим, имаме голем карактер и големи амбиции, а играта во финишот со Рома не се совпадна со тоа. – рече Карлос Тевез.

Аргентинецот во отсуство на Андреа Пирло ги изведуваше слободните удари и во 64-та минута постигна маестрален погодок.

– Признавам дека на тренинзите примам совети од Пирло околу изведувањето на слободните удари. – потенцираше Тевез и додаде – Кога ќе се врати Пирло секако тој ќе има предност при изведувањето на слободните удари бидејќи тој ни е прва алтернатива.

Ohridnews