Дека синоќа на „Монументал“ стадионот немаше услови за фудбал потврдува изјавата на Карлос Тевез, еден од најдобрите фудбалери во редовите на Бока Јуниорс. Клупскиот автобус на Бока Јуниорс беше нападнат од навивачите на Ривер Плата, час и половина пред почетокот на натпреварот. Дел од играчите поминаа со расекотини, а мечот по две преместувања беше одложен за вечерва (21ч).

  • Не бевме во состојба да играме, иако сите инсистираа да истрчаме на теренот. Четири играчи беа повредени, а стравот беше голем, бидејќи случувањата немаа допирна точка со фудбалот. Во текот на неизвесноста, никој фудбалер од Ривер не дојде да не посети и да праша како сме. – рече Тевез.

Навивачите на Ривер покрај со тврди предмети автобусот со фудбалерите од Бока Јуниорс го нападнаа со солзавец. Полицијата по неколку часовона борба ги стабилизираше работите и приведе 50-тина лица за нарушување на јавен ред и мир.

Реваншот од финалниот натпревар во Копа Либертадорес ќе се одигра вечерва во 21 часот. Првиот меч заврши 2-2, а правилото гол во гости не важи во финалната пресметка.

OhridNews