Тежок инцидент ја одбележа завршницата на првата етапа од велосипедската трка низ Полска, која се возеше од Чорзов до Катовице. Во последните метри од етапата во спринтот за победата се бореа Холанѓаните Дилан Гроневеген и Фабио Јакобсен.

Вториот се обиде да го престигне сонародникот на малиот простор до заштитната ограда, на што Гроневеген со лакт се избори за простор, па Јакобсен удри во оградата, направи салто во воздух и удри во еден од судиите задолжени за фото-финиш.

Притоа, уште неколку велосипедисти се најдоа на асфалтот, по што заработија повреди.

Гроневеген е дисквалификуван, а победата му е доделена на Јакобсен кој за жал е во кома, во болницата во Катовице. Најкритична е состојбата на судијата.

OhridNews