Битолски Пелистер најтешко мина во ждрепката за квалификациите за пласман во Лигата на Европа, откако за противник го доби полскиот тим Лех Позњен.

Најдобро мина составот на Работнички, кој беше носител во ждрепката и силите ќе ги одмери со Тре Пене од Сан Марино. Македонскиот вице првак Шкендија доби одмерен противник во името на молдавска Дачија.

Во случај „зелено белите“ да го минат полскиот преставник во следната рунда ќе се сретнат со Хаугесунд – Колерен, „романтичарите“ ќе се сретнат со победникот од Динамо Минск и Рунавик, а Шкендија со подобриот од Хелсинки – Коран.

Првите мечеви се играат на 29 јуни, а реваншите седум дена подоцна.

Двојки:

Работнички – Тре Пене

Дачија – Шкендија

Лех Позњен – Пелистер

OhridNews