Филмот за мистериозниот проект „Нулта Теорема“ („The Zero Theorem“), утре во 20 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Освен утревечер проекции ќе има и на 30-ти април и на 2-ри и 3-ти мај 2014 година.

Филмот кој е во режија на Тери Гилијам е сторија за еден ексцентричен компјутерски гениј, кој живее во корпоративниот свет на Џорџ Орвел и се обидува да ја најде смислата на животот. Насловот на филмот е, всушност, наслов на една математичка формула со помош на која тој сака да ги открие „тајните“ на живеењето. Тој само еднаш имал можност да ја доживее моќта на љубовта и она што го преокупира е прашањето зошто луѓето постојат.

Во филмот играат актерите Кристоф Валц, Дејвид Тевлис, Мелани Тиери, Лукас Хедгес, Мет Дејмон и други.
Влезниците за филмот ќе чинат 50 денари.

OhridNews