На малата сцена при Центарот за култура, вечерва, 13 април, премиерно ќе биде изведена претставата „ТИ ВО СЕДУМ БОИ“, што ја подготви независната аматерска театарска група „Аматер“ во соработка со повеќе охридски уметници. Претставата е работена според книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ на Горан Василевски, а во режија на Јован Цветкоски.
Во претставата учествуваат актери, музичари, танчери, пејачи…
Поради ваквиот спој на уметности, кој ретко може да се се види на локалната сцена, мислам дека сите ќе уживаат во оваа претстава, која е полна со измешани емоции, среќа, радост, тага, разочарување. Но, верувам сите кои ќе ја погледнат ќе си заминат од салата со исполнета душа и силни впечатоци. – вели режисерот и актер Јован Цветкоски.
Играат Емилија Колоска, Јован Цветкоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска. Музиката е на Никола Јосифоски, Христијан Томевски, Ангел Трајковски и Јован Поп-Стефанија, сценографија Катерина Слатинова, светло Борис Велјаноски, а тон Илија Левески.
Премиерната изведба, вечерва, почнува во 20:00 часот, а репризата е на 14ти април, недела, од 20:00 часот .
Влез: 150 денари.
Првите две изведби екипата ги посветува на проф. д-р. Јован Стојаноски и Андреј Лаброски.
OhridNews