Екипата на Сент Етиен успеа да го елиминира францускиот гигант ПСЖ во 1/4 финалето во Купот на Франција по изведувањето на пеналите 5-4.

Регуларниот дел и продолжението од мечот завршија без голови 0-0. Трагичар во тимот на “светците“ беше Тијаго Силва кој промаши во третата серија. Домаќините беа непогрешливи од белата точка и заслужено се пласираа во наредната фаза.

Мх.П.