Македонската тикток ѕвезда и инстаграм инфлуенсер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan, ја објави својата прва студиска песна „Нема дилема“ на неговиот Јјутјуб канал.

Песната е балада за која Душан очекува дека ќе ги освои женските срца.

Ова е прва студиска песна на Душан по најуспешната тикток песна за 2020 година „Само да си знаете пред време“, која стана огромен хит на тикток.

Спотот за „Нема дилема“ е сниман на три локации во Охрид. Автор на спотот е Зата, а продукцијата на „Мека Вориор Продакшан“.

OhridNews