Тиквеш ќе го брани трофејот на струшкиот ракометен турнир освоен минатата година, откако со победата над Спартак од Варна со 27-19, со две победи во исто толку натпревари го освои првото место и се пласираше во финалето кое се игра утре во 20.30 минути.Втор натпревар во низа најпрецизен е Костески кој идентично како и на мечот со Пелистер, протвиничката мрежа ја погоди седум пати. Трајкоски со седум и Доброши со пет гола беа најзабележителни кај гостите.
Во третото коло денес играат:
18:30 Спартак – Јагодина
20:00 Пелистер – Кастриоти.











