Шпанскиот прволигаш Хетафе е купен од страна на “Ројал Емирејтс груп“ за цена  од90 милиони евра . Групата, со кој претседава член на владеаќко семејство во Дубаи Ал-Мактум, го купи 100 отсто од акциите во клубот.


“Ројал Емирејтс групата“ планира да инвестира многу во тимот и  како и промовирање во регионот со цел да се направи мост помеѓу Европа и  Блискиот Исток”, изјавија од групацијата.

Претседателот на Хетафе, Ангел Торес се надева дека ваквиот договор ќе доведе до нови деловни односи меѓу ОАЕ и Шпанија.

Хетафе е вториот тим во Ла Лига кој е купен од на група од Блискиот Исток. Лани милијардерот Шеикот Абдула бин Насер ал-Тани ја купи Малага за 25 милиони евра.

Ohridnews