На состанок одржан со месната заедница Куратица и персоналналот од Поликлиниката Кардиолаб Маџаров, предводен од директорот Д-р Светослав Маџаров , пред жителите на Куратица беа презентирани можностите што ги нуди клиниката .
При тоа, присутните беа информирани дека согласно потпишан договор со месната заедница, од идната недела во селото ќе започне со работа доктор , кој ќе доаѓа два пати неделно да се грижи за пациентите .
Наскоро се очекува да започне со редовна работа и медицински тим од оваа приватна здравствена установа кој ќе може да ги посетува и околните села .