Се освен титулата за германската репрезентација би било неуспех на ЕП во Полска и Украина. “Панцирите“ во досегашниот тек од првенството имаат 100% ефект и ако сакаат да стигнат до четвртата титула треба да го одржат таквиот резултаски низ.

Тактика : Германската селекција ги поправи грешките од пред две години на СП во Јужна Африка. Импресивните перформанси на фудбалерите изманативе две сезони ја доведоа германската репрезентација до перфекција. Селекторот Јоаким Лев негува напаѓачка игра со 4-2-3-1 формација која ја нема сменато од ЕП во Австрија и Швајцарија.

Бастијан Швајнштајнгер и Сами Кедира се лидери на оваа генарација. “Басти“ брилираше на мечот со Холандија додека Кедира одигра феноменално со Португалија и Грција. Јоаким Лев за играта на Кедира има пофални зборови : “Тој е вистински лидер, многу е добар со сите фудбалери и динамичен“.

За репрезентацијата на Германија полуфиналето против Италија е седмо на Европските првенства. Од шест полуфиналиња “панцирите“ успеале да се пласираат во пет завршници. Единствено само Холандија на Ван Бастен била подобра од германската машинерија.

Мх.П.