Италија не се вбројуваше во репрезентациите кои можат да се замешаат за медела на 14-то Европското првенство. “Азурите“ стартуваа со две реми, а победата над Република Ирска им го трасираше патот во нокаут фазата.


Тактика : Повредата на  Андреа Барзагли на последната контрола со Русија, стратегот на Италија, Чезаре Прандели го примора да ја менува формацијата. “Азурите“ играа со 3-5-2 или 4-3-2-1 со Даниеле Де Роси како “либеро“.  Со враќањето на Барзагли во тимот на мечот со Англија, одбраната на Италија наликуваше на зид од кој англичаните се уплашија.


Средниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло царува во италијанската репрезентација заедно со капитенот голманот Џиџи Буфон се моторот на тимот. Влијанието на Пирло над останатите фудбалери е големо. Алесандро Диаманти по мечот со Англија кратко изјави : “Пирло е најдобар среден играч во светот“. Таквата теза Пирло ја потврди со асистенцијата до Ди Натале на мечот со Шпанија. Погодокот од слободен удар против Хрватска и незаборавната паненка со Англија.


За италијанската селекцијата ова е четврто полуфинале, а скорот на “азурите“ во 1/2 финалните дуели е две победи и еден пораз.

Мх.П.