Актуелниот светски и европски првак Шпанија по ремито со Италија 1-1,
нанижа три победи во низа, Ирска 4-0, Хрватска 1-0 и Франција 2-0.
Нивната “тика-така“ стратегија која им донесе две титули во големите
натпреварувања е на добар пат да ги доведе и до третиот трофеј.


Тактика:
Шпанија ги започна сите меча во 4-3-3 формација, во која бековите
притискаат напред, а нивните средни играчи Серџо Бускетс и Чаби Алонсо
доста често знаат да се спуштат меѓу централните дефанзивци Серхио Рамос
и Жерард Пике и тогаш “црвената – фурија“ се трансформира во 3-4-3. На
овој турнир карактеристично е нивното (не)играње со класичен центарфор.

Андреас Иниеста е главниот
играч во мозаикот на Дел Боске. Без исклучок сите голови мора да минат
преку “осумката“, кој на два пати досега беше прогласен за играч на
мечот. – Годините минуваат и со текот на времето прифаќате поголема
одговорност. Добро се чувствувам и се надевам дека добриот “филинг“нема
да ме напушти и ќе трае долго – вели Иниеста.


Ова е истиот тим кој триумфираше на СП 2010 година во ЈАР и тоа
благодарение на голот на Иниеста во продолженијата. Овој тим не само што
живееше заедно пет недели, туку тие се едно големо друшто. Карти,
пинг-понг, пикадо, пливање, плеј стејшн, многу музика и слободни денови
за релаксација е рецептот на Дел Боске.
Чави, Касиљас и Дел Боске се тука за да ги смират духовите по напорната
и тензична сезона во Шпанија, во која главни протагонисти се Барселона и
Реал Мадрид, од каде и доаѓаат најголемиот дел од фудбалерите во
селекцијата.

Не играњето на Давид Виља и Карлес Пујол фудбалери кои постигнаа шест од осумте гола на Мундијалот во ЈАР, го
прави шпанскиот напад неубоит. Со играњето на Силва и Фабрегас заедно во шпицот, кои не се “вистински“ напаѓачи шпанскиот напад постигнува малку погодоци.


“Ooh la
la Xabi”
е најдобриот наслов кој осамна кај шпанските меидуми по
триумфот над Франција и тоа благодарение на играчот кој по стоти пат го
носеше дресот на “црвената фурија“.

– Поразот нема да е трагедија, трагедија би било да ја напуштиме нашата
фудбалска филозофија, нешто што никогаш нема да го направиме, тврдат од
шпанската репрезентација.

Во ибериското полуфинале Шпанија ќе игра против Португалија.