Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс порачал дека границите во земјите од Западен Балкан не треба да постојат и дека токму ова е потребно за да се избегнат идни конфликти во регионот, пренесува порталот European Western Balkans, jaвува „Макфакс“.

„Тие можат да бидат важни или пак релативно важни, можеби и неважни, но денес тие не треба да постојат. Доколку продолжат да постојат, имајќи го предвид составот на регионот во поглед на демографијата и етникумите – тоа е рецептот за катастрофа на долг рок“, рекол Тимерманс.

Потпретседателот на Комисијата додал дека еден од убавите елементи на европската интеграција е во тоа што процесот не прави границите да исчезнат, односно дека тие остануваат важни, но практично се „непостоечки“.

„Тоа е она што се случи помеѓу Франција и Германија, и помеѓу сите останати земји по падот на Берлинскиот ѕид, и тоа е она што треба да го направиме во Западен Балкан“, порачак Тимерманс.

„Секогаш ќе бидам посветен кон продолжувањето на процесот на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Тоа нема да се случи за време на мандатот на оваа Европска комисија, претседателот Жан-Клод Јункер беше доста јасен за тоа, но ќе се случи во одреден иден период“, заклучил Тимерманс.

OhridNews