Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија.

Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или се повредил при апсењето.

Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“. Засега не се знае кој степен се повредите.

OhridNews