Arsenal-Bayern München 2 (1.8)
Вечерва во 20.45 продолжува Лигата на шампиони, а играт Арсенал-Баерн и Милан-Атлетико Мадрид.Наш избор за денес е екипата на Баерн од Минхен.
Баерн е во многу подобра форма и е немилосрден кон секој свој противник, а во мометов се можеби и најкомплетната екипа и во светот.
Во последните 5 натпревари во германската Бундес лига, Баерн има 5 победи со само 1 примен гол, што ни кажува во каква форма се баварците. Од друга страна пак Арсенал има проблеми во Премиер лигата и го загубија првото место.
Тие во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Кристал Палас 2:0,Фулам 2:0), 2 нерешени натпревари (Манчестер Јунајтед 0:0,Саутемптон 2:2) и еден катастрофален пораз од екипата на Ливерпул со 5:1.
Според традицијата овие две екипи меѓусебно играле 6 пати, 3 пати победувала екипата на Баерн, 2 пати Арсенал и еднаш изиграле нерешено. Во групите Баерн се пласираше како прв со 5 победи и само еден пораз, пред екипите на Манчестер Сити, Викторија Плзен и ЦСКА Москва. Арсенал пак во групата заврши на 2-рата позиција зад Борусија, а пред екипите на Наполи и Олимпик Марсеј.
Останува да видиме дали вечерва екипата на Баерн ќе ги оправда очекувањата и ќе си го трасира патот кон четврт финалето.
Повредени играчи Арсенал: Калстром, Ремси, Волкот, Вермален. Суспендиран е Артета.
Повредени играчи Баерн: Рибери, Шаќири.
USA-CZECH REPUBLIC 1 (1.55)
Со четвртфиналните дуелни на олимписките игри во Сочи продолжуваат натпреварите од хокеарскиот турнир. Како најинтересен натпревар го избравме натпреварот помеѓу екипите на САД и Чешка, кој се игра во 18.00 часот.
Наш избор е екипата на САД која е сеуште е без пораз и со 3 победи (една на пенали против домаќинот Русија) се пласираше во четвртфиналето.
Од друга страна пак Чешка во групата заврши како трета со 2 порази и 1 победа, за потоа во осминафиналето да ја совлада Словачка со 5:3.
Екипата на САД е во подобра форма, со поголем избор на играчи и очекуваме сигурна победа и пласман во полуфинале.
OhridNews