Atl. Madrid-Chelsea 1 (1.95)

Вечерва се игра првото полуфинале од Лигата на Шампиони,а честа ја имаат екипите на Атлетико Мадрид и Челзи.

Според нас во мометов подобар е домаќинот кој во четвртфиналето имаше тешка задача и ја заврши успешно победувајќи против Барселона,а на последните 5 натпревари општо во секое натпреварување имаат 4 победи (Елче 2:0,Гетафе 0:2,Барселона 1:0,Виљареал 1:0) и еден нерешен натпревар со Барселона со 1:1.

Од друга страна и екипата на Челзи не е за потценување затоа што во четвртфиналето ја испаднаа силната екипа на ПСЖ,но го загубија чекорот за титула во англиската Премиер лига,а на последните 5 натпревари општо во сите натпреварувања имаат 3 победи (Свонси 0:1,ПСЖ 2:0,Стоук 3:0) и два порази (Сандерленд 1:2,ПСЖ 3:1).

Според традиција овие две екипи се доста изедначени,така тие на последните 3 меѓусебни натпревари имаат по една победа и еден нерешен натпревар.

Повредени и суспендирани играчи од Атлетико Мадрид:Арда Туран. Повредени и суспендирани играчи од Челзи:Ивановиќ,Хазард.

Reading-Middlesbrough 1 (2.05)

Вечерва се затвара 44-то коло во англискта Чемпионшип,а наш избор е натпреварот помеѓу Ридинг и Миделсброу и типуваме на домаќинот.

Ридинг има реални шанси за разигрување и пласман во Премиер лигата,а на последните 5 натпревари имаат една победа против Чарлтон со 0:1,два нерешени натпревари со Лестер и Хадерсфилд со 1:1 и два порази (Виган 3:0,Борнемоут 3:1).

Од друга страна екипата на Миделсброу не е во опасната зона,а не е ни во ситуација за пласман во плејофот и имаат проблем со повредени тројца првотимци,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Барнли 0:1,Бирмингем 3:1,Дерби 1:0,Брајтон 0:2) и пораз од екипата на Милвол со 1:2.

Според традиција овие две екипи се изедначени,имено на последните 11 меѓусебно одиграни натпревари имаат по 4 победи и 3 нерешени натпревари.

 

Ohridnews