Вечерва продолжуваат натпреварите од Топ 16 Евро лигата.Наш избор е натпреварот Баерн Минхен-Макаби Тел Авив.
Екипата на Баерн на последните 5 натпревари има само една победа и дури четири порази.Во Евро лигата Баерн се наоѓа на 6-та позиција и со шанса за пласман во топ 8,дома игра одлично и на последните два натпревари дома има победи против Реал Мадрид со 85:83 и Жалгирис 79:73.
Од друга страна ни екипата на Макаби не е во некоја форма и на последните 5 натпревари имаат исто така една победа и четири порази.Во Евро лигата се наоѓа на 3-тата позиција и на последните две гостувања изгубија од Партизан со 72:70 и од Локомотив Кубан со резултат 78:76.
Последниот натпревар помеѓу овие две екипи кој се играше на 13.2.2014 во Израел заврши со 66:64 во корист на Макаби.
Ohridnews