Bayern München-Real Madrid 1 (1.8)
Вечерва во рамките на Лигата на Шампиони се игра првиот полуфинален реванш натпревар помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид,а наш избор е екипата на Баерн.
Баерн Минхен во минатиот натпревар загуби од Реал со 1:0,резултат што на Алијанц Арена не значи ништо,а во предходниот натпревар и посед на топка и иницијативата ја имаше баш екипата на Баерн.Баерн во домашното првенство одавна веќе ја освои титулата и можеби тоа е и причината за опуштање и паѓање на формата.
Од друга страна пак екипата на Реал и не е за потценување,после титулата во Копа дел Реј,Реал има исто така шанса за тројна титула.Тие во Примера се наоѓаат на 3-та позиција со 6 бодови негатива во однос на водечкиот Атлетико,но и со натпревар помалку.
И традицијата е на страна на домаќините кој против Реал имаат три победи и два порази,а давале и по два голови по натпревар,а примале по 1.8 голови по натпревар,според ова за похрабрите може да типуваат 1 и 3 или повеќе голови (2.5 коефициент).
Повредени играчи од Баерн Минхен : Старк,Шаќири,Тиаго Алкантара.
Повредени играчи од Реал Мадрид : Арбелоа,Хесе,Кедира.
Јане Лабоски