Денеска во на Олиписките игри во Сочи се играат полуфиналните средби во хокеарскиот турнир, играат Шведска-Финска и Канада-САД.
Како поинтересен натпревар според нас е натпреварот Канада-САД. До сега се без пораз и двете репрезентации.Тешко е да се каже кој ќе оди понатаму во големото финале, но се претпоставува дека ќе играат тактички повлечено и со малку погодоци.
САД стигнаа до полуфиналето победувајќи ги прво во групата репрезенатациите на Словачка со 7:1,Русија на пенали (1:1) 3:2, Словенија 5:1 и така се пласираа како први директно во четвртфиналето каде ја победија Чешка со 5:2.
Од друга страна Канада во групата истотака заврши прва победувајќи ги сите натпревари против репрезентациите на Норвешка со резултат 3:1, Австрија со 6:0, Финска во продолжението (1:1) 2:1, потоа во четвртфиналето играа против репрезентацијата на Латвија и победија со резултат 2:1.
Во досегашниот турнир и двете репрезентации кога играле со потежок ривал играле со помалку голови во регуларниот дел САД-Русија 1:1,Канада-Финска 1:1, според тоа очекуваме дека и вечерва во 18.00 ќе играат тактички и претпазливо и двете репрезентации, а за пласманот понатаму ќе решаваат нијанси.
OhridNews