Вечерва продолжуваат плејоф натпреварите од најјаката хокејарска лига во светот НХЛ.Наш избор е натпреварот Колорадо-Минесота,а типуваме на домаќинот.

Колорадо во западната конференција завршија како втори,а на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Ванкувер 2:4,Едмонтон 1:4),еден пораз во продолжение од екипата на Анахеим со резултат 3:2,еден пораз на пенали од екипата на Питсбург со 2:3 и еден пораз во регуларниот дел од екипата на Сан Хозе со 5:1.

Од друга страна пак екипата на Минесота во западната конференција заврши како 7-ма,а на последните 5 натпревари имаат три победи во регуларниот дел (Ст. Луис 4:2,Винипег 0:1,Питсбург 4:0),една победа на пенали против екипата на Бостон со 4:3 и пораз од екипата на Нешвил со 3:7.

Оваа сезона овие две екипи се сретнаа 5 пати,а Колорадо славеа дури 4 пати и еднаш беа поразени во продолженијата.

 

Ohridnews