Iceland-Estonia 1 (1.7)

Денес продолжуваат пријателските репрезентативни натпревари пред престојното првенство во Бразил.Наш избор е натпреварот Исланд-Естонија,а типуваме на домаќините.

Репрезентацијата на Исланд се наоѓа на 58-та позиција на ФИФА ранг листата и беа елиминирани во баражот за Светското Првенство од страна на Хрватска (0:0,2:0).На последните 5 натпревари имаат два нерешени натпревари (Австрија 1:1,Хрватска 0:0) и три порази (Велс 3:1,Шведска 0:2,Хрватска 2:0).

Од друга страна репрезентацијата на Естонија на ФИФА ранг листата се наоѓа на 93-та позиција и на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Гибралтар 0:2,Лихтенштајн 0:3),два нерешени натпревари (Гиблартар 1:1,Летонија 0:0) и пораз од репрезентацијата на Финска со 2:0.

На последниот натпревар меѓу овие две репрезентации одигран на 20.11.2002 триумфирала Естонија со 2:0.