Ирска-Португалија 0-2 голови (1.6)
Вечерва се игра пријателскиот натпревар помеѓу Ирска и Португалија.Овој натпревар е последниот тест пред престојното Светско Првенство за португалците и според тоа би требало да нема повеќе од 2 голови.
Република Ирска се наоѓа на 70-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат три нерешени натпревари (Коста Рика 1:1,Италија 0:0,Полска 0:0) и два порази од репрезентациите на Србија и Турција со идентични 1:2.
Од друга страна пак репрезентацијта на Португалија се наоѓа на 4-та позиција на ФИФА ранг листата и е дел од престојното Светско Првенство во Бразил во група заедно со Германија,Гана и САД,а на последните 5 натпревари општо имаат 4 победи (Мексико 0:1,Камерун 5:1,Шведска 1:0 и 2:3) и еден нерешен и без голови натпревар со репрезентацијата на нашиот јужен сосед.
На последниот натпревар помеѓу овие две репрезентации триумфирале ирците со 1:0.