Вечерва со дербито Манчестер Сити – Челзи се затвора 24 коло на Премиер лигата.Наш избор е екипата на Манчестер која не е поразена дома оваа година во Премиер лигата.
Исто така не е поразена и последните 12 натпревари од несреќниот пораз против Сандарленд на 10 ноември минатата година.
Од друга страна пак Челзи во последните 10 натпревари имаат 8 победи и 2 нерешени.
И според традиција подобра е екипaта на Сити кои во последните 10 меѓусебни натпревари имаат 6 победи 3 порази и еден нерешен натпревар.
Единствен хендикеп за Сити е неиграњето на Агуеро,нивниот најдобар поединец кој се повреди пак минатиот натпревар,но тука се Негредо,Џеко,Хесус Навас,Јаја Туре и Давид Силва да приредат пекол за екипата на Челзи.
Ј.Л.