Manchester Utd.-Bayern München 2 (1.5)
Вечерва се играат првите четвртфинални натпревари во лигата на шампиони,а наш избор е натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен и типуваме на гостите.
Манчестер во 8-минафиналето го испаднаа тимот на Олимпијакос во драматичен двомеч победувајќи со резултат (2:0,3:0).Во моментов Манчестер е практично прз своите најдобри одбрамбени играчи Патрис Евра,Џони Еванс и Рафаел,потоа без нивниот најдобар поединец Робин Ван Перси и крилниот напаѓач Антонио Валенсија.
Од друга страна екипата на Баерн Минхен гази се пред себе и ја обезбеди титулата во Германија на 12 кола пред крајот.Во лигата на шампиони во 8-минафиналето беа подобри од Арсенал победувајќи на гости со 0:2 за дома да одиграат 1:1.
И во екипата на Баерн има проблеми со неиграње на неколку клучни играчи,Данте е суспендиран,а Контенто и Тиаго Алкантара се повредени.
И традицијата е на страна на екипата на Баерн која на последните 4 меѓусебни двобои со Јунајтед имаат 3 победи и еден пораз.
Pittsburgh-Carolina 1 (1.75)
Вечерва во најјаката хокејарска лига се игра 76-то коло,наш избор е натпреварот помеѓу Питсбург и Каролина,а типуваме на домаќинот.
Екипата на Питсбург игра во Источната Конференција и се наоѓа на 2-рата позиција,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи во регуларниот дел во низа (Чикаго 4:1,Колумбус 1:2) и три порази во регуларниот дел(Лос Анџелес 2:3,Феникс 2:3,Ст. Луис 0:1).
Од друга страна пак екипата на Каролина игра истотака во источната конференција и се наоѓа на 13-та позиција,а на последните 5 натпревари има две победи во регуларниот дел (Флорида 0:3,Винипег 2:3),еден пораз на пенали од екипата на Отава со 2:1,еден пораз во продолжение од екипата на Колумбус со 2:3 и еден пораз во регуларниот дел од екипата на Њу Јорк Исландерс со 4:5.
Ohridnews