Manchester Utd.-Manchester City 2 (2.25)
Вечерва во англиската Премиер лига се игра дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и нивниот градски ривал Манчестер Сити.
Според нас во мометов поконкретни се гостите,кои имаат голема шанса и за титулата првак во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед игра и во Лигата на Шампиони другата недела против моќниот Баерн Минхен,а веќе има проблеми со повредата на нивниот најдобар поединец Робин Ван Перси.Јунајтед на последните 5 натпревари во Премиер имаат 3 победи (Вест Хем 0:2,ВБА 0:3,Кристал Палас 0:2),еден нерешен натпревар со екипата на Арсенал со резултат 0:0 и пораз од Ливерпул со 0:3.
Од друга страна екипата на Сити игра само за титулата првак во Премиер лигата,а има исто така проблем со повредата на нивниот најдобар поединец Кун Агуеро.Сити на последните 5 натпревари има 3 победи во низа (Фулам 5:0,Хал,0:2,Стоук 1:0),еден нерешен натпревар и без голови со екипата на Норвич и еден пораз од екипата на нивниот директен конкурент за титулата Челзи со 0:1.
Според традиција подобра е екипата на Јунајтед која против Сити има 13 победи,3 нерешени натпревари и 10 порази.
Hertha-Bayern München 2 и 3+ (1.65)
Вечерва се игра 27-то коло во германската Бундес лига.Наш избор е натпреварот Херта-Баерн Минхен,а типуваме на победа на гостите и 3 голови или повеќе.
Херта се наоѓа на 9-та позиција и се во голем пад на формата,така на последните 5 натпревари имаат една победа против Штутгард со 1:2,а одиграна е на 22.02.2014,два нерешени натпревари (Мајнц 1:1,Фрајбург 0:0) и два порази во низа (последните два натпревари) од екипатите на Менхенгладбах и Хановер со идентични 3:0.
Од друга страна пак Баерн Минхен е на првата позиција и на последните 5 натпревари е 100%-на со 5 победи (Мајнц 0:2,Леверкузен 1:2,Волфсбург 1:6,Шалке 5:1,Хановер 0:4).
И традицијата е на страна на Баерн која против Херта има 10 победи,пет нерешени натпревари и еден пораз.
Ross County-Aberdeen тим2 2+ (2.0)
Вечерва се играат натпреварите од 30-то коло во Шкотската премиер лига,а играат Рос Каунти и Абердин.Фаворит во овој натпревар е екипата на Абердин,а нашиот тип е дека ќе даде и 2 голови.
Рос Каунти се наоѓа на 10-та позиција и игра за опстанок,а на последните 5 натпревари имаат две победи (Ст.Џонстон 0:1,Ст.Мирен 2:1),еден нерешен натпревар со екипата на Партик со 1:1 и два порази (Мадервел 2:1,Инвернес 0:3).
Од друга страна пак екипата на Абердин најверојатно ќе ги гледаме и во Лига Европа догодина,се наоѓаат на 2-рата позиција,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Килмарнок 2:1,Ст.Џонсон 1:0,Селтик 2:1,Ст.Мирен 0:1) и пораз од екипата на Партик со 3:1.
Традицијата пак ни го кажува спротивното имено на 5 одиграни меѓусебни натпревари Рос Каунти давале по 0.8 голови,а Абердин по 0.4 голови.
Останува вечерва да видиме дали Абердин ќе ја подобри својата статисика во однос на Рос Каунти и ќе се пододлепи од 3-тиот Мадервел.
Hamilton-Raith 1 и 3+ (2.2)
Вечерва се игра 30-то коло во шкотската Чемпионшип лига,а наш избор е екипата на Хамилтон,која се бори за влез во Премиер лигата.
Хамилтон е на 2-рата позиција и на последните 5 натпревари е без пораз со 4 победи (Мортон 3:4,Фалкирк 3:1,Алоа 0:3,Ливингстон 2:0) и еден нерешен натпревар со екипата на Квион Оф Саут со 1:1.
Од друга страна пак Раит играат за опстанок и се наоѓаат на 8-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат една победа со екипата на Мортон со 2:1,два нерешени натпревари (Данди 0:0,Алоа 1:1) и два порази од екипите на Ливингстон и Фалкирк со идентични 2:4.
И традицијата е на страна на екипата на Хамилтон,која против Раит имаат 8 победи,3 нерешени натпревари и 5 порази,а давале и по 1.5 голови по натпревар.
Sonnenhof Großaspach-Homburg 1 (1.8)
Вечерва во гермаската регионална Судвест лига се игра 25-то коло,а наш избор е екипата на Соненхоф која се наоѓа на втората позиција и на последните 5 натпревари се без пораз со 3 победи и два нерешени натпревари.
Од друга страна пак екипата на Хомбург се наоѓа 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,3 нерешени натпревари и еден пораз.
И традицијата е на страна на екипата на Соненхоф која против екипата на Хомбург од 3 меѓусебни натпревари имаат 3 победи и давале по 3 голови по натпревар додека екипата на Хомбург досега нема постигнато гол против Соненхоф.