Qatar-Macedonia 2 (2.25)

Вечерва се игра пријателскиот натпревар помеѓу Катар и Македонија.Според нас фаворити се нашите репрезентативци.

Репрезентацијата на Катар се наоѓа на 95-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари е без пораз,а имаат 3 победи (Јордан 2:0,Саудиска Арабија 1:4,Палестина 1:0) и два нерешени и без голови натпревари со Бахреин и Кувајт.

Од друга страна нашата репрезентација се наоѓа на 80-та позиција на ФИФА ранг листата,а по заминување на селекторот Чедомир Јаневски како да го загуби чекорот и на последните 5 натпревари имаат една победа против Летонија со 2:1 и четири порази (Камерун 2:0,Србија 5:1,Велс 1:0,Шкотска 1:2).

На последниот дуел помеѓу овие две репрезентации славеа нашите репрезентативци со 2:1.

Austria-Iceland 1 (1.65)

Друг интересен пријателски натпревар вечерва е натпреварот Австрија-Исланд,а наш избор се домаќините.

Репрезентацијата на Австрија се наоѓа на 40-та позиција на ФИФА ранг листата,а на последните 5 натпревари имаат три победи (САД 1:0,Фарски Острови 0:3,Ирска 1:0),еден нерешен натпревар со Уругвај со 1:1 и пораз од репрезентацијата на Шведска со 2:1.

Од друга страна репрезентацијата на Исланд се наоѓа на 58-та позиција и на последните 5 натпревари немаат победа,а имаат два нерешени натпревари (Хрватска 0:0,Норвешка 1:1) и три порази (Велс 3:1,Шведска 0:2,Хрватска 2:0).

Овие две репрезентации досега имаат само два меѓусебни дуели и на едниот триумфирале австријците со 2:1,а другиот натпревар завршил нерешено.

Cork City-Athlone Town 1 (1.45)

Вечерва во ирската Премиер лига се игра 15-то коло,а наш избор е натпреварот помеѓу Корк Сити-Атлон Таун и типуваме на домаќините.

Корк се наоѓаат на втората позиција и на последните 5 натпревари имаат три победи во низа и два порази.

Од друга страна пак Атлон се наоѓаат на последната позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,еден нерешен натпревар и три порази.

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Атлон има одиграно 8 натпревари,а имаат 5 победи,2 нерешени натпревари и еден пораз.

Empoli-Pescara 1 (1.55)

Вечерва во италјанската Серија Б се игра последнито коло,а наш избор е натпреварот Емполи-Пескара и типуваме на домаќинот.

Емполи се наоѓа на втората позиција и со евентуална победа вечерва би се пласирале директно во Серија А,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

Од друга страна Пескара се наоѓа на 15-та позиција со изборен опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа,два нерешени натпревари и два порази.

Според традиција во блага предност се гостите кои на последните 11 натпревари против Емполи имаат 5 победи,2 нерешени натпревари и 4 порази.