Roma-Udinese 1 (1.4)

Вечерва во италјанското калчо во Серија А се затвара 28-то коло,а играат Рома-Удинезе.Според нас на овој натпревар би требало лесна победа да издвои домаќинот,кој се наоѓа на втората позиција и со 3 бодови позитива во однос на третиот Наполи.

Рома на последните 5 натпревари има 2 победи (Болоња 0:1,Сампдорија 3:0),2 нерешени натпревари со Интер и Лацио со идентични 0:0 и пораз од екипата на Наполи со резултат 1:0.

Од друга страна екипата на Удинезе се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари е со идентичен скор како и Рома со 2 победи (Милан 1:0,Киево 3:0),два нерешени натпревари (Аталанта 1:1,Џенова 3:3) и пораз од екипата на Каљари со резултат 3:0.

И традицијата е на страната на Рома која против Удинезе до сега има 12 победи,5 нерешени натпревари и 7 порази.

Torino-Napoli 2 (2.25)

Друг интересен натпревар за вечерва е натпреварот помеѓу Торино и Наполи.А поради очајната форма на домаќинот типуваме на Наполи.

Торино се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари има една победа против екипата на Верона со резултат 1:3 и дури 4 порази (Интер 1:0,Сампдорија 0:2,Јувентус 1:0,Болоња 1:2).

Наполи пак е во форма и се наоѓа на третата позиција со 3 бодови негатива во однос на Рома,а на последните 5 натпревари има 3 победи (Рома 1:0,Сасуоло 0:2,Милан 3:1) и 2 нерешени натпревари со екипите на Ливорно и Џенова со идентични 1:1.

Традицијата пак ни дава изедначен скор,имено овие две екипи до сега одиграле 8 натпревари на 3 триуфирале Торино,на 3 Наполи и 2 пати завршиле без победник.

 

Ohridnews