Switzerland-Peru 1 (1.5)

Вечерва се игра пријателскиот натпревар пред престојното Светско Првенство во Бразил.Играат Швајцарија и Перу,а типуваме на домаќините.

Швајцарија се наоѓа на 8-та позиција на ФИФА ранг листата и е дел од Светското Првенство,а игра во групата Е,заедно со репрезентациите на Еквадор,Франција и Хондурас.Репрезентацијата на Швајцарија на последните 5 натпревари општо има 3 победи (Јамајка 1:0,Словенија 1:0,Албанија 1:2),еден нерешен натпревар со Хрватска со 2:2 и пораз од Јужна Кореја со 2:1.

Од друга страна пак репрезентацијата на Перу се наоѓа на 42-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат еден нерешен натпревар со репрезентацијата на Боливија со 1:1 и четири порази (Англија 3:0,Аргентина 3:1,Венецуела 3:2,Уругвај 1:2).

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.