Вечерва се комплетира 31-то коло од италјанската Серија А.Наш избор е натпреварот Удинезе-Катанија,а типуваме на домаќинот.
Удинезе се наоѓа на 14-та позиција и со евентуална победа денес ќе излезе од зоната за испаѓање,а на последните пет натпревари имаат две победи со екипите на Сасуоло и Милан со идентични 1:0,еден нерешен натпревар и без голови со екипата на Интер и два порази (Рома 3:2,Каљари 3:0).
Од друга страна пак екипата на Катанија е на последната позиција и сеуште има шанса за опстанок,а на последните пет натпревари имаат еден нерешен натпревар со Каљари со резултат 1:1 и четири порази (Наполи 2:4,Јувентус 0:1,Сасуоло 3:1,Џенова 2:0).
Според традиција овие две екипи се изедначени со по седум победи,три нерешени натпревари и седум порази.
Ohridnews